Намалена добивката на Coca Cola за една третина

35

Компанијата Coca Cola соопшти дека во вториот квартал има пад на добивката за 33% по акција на годишно ниво, но регистрирано e подобрување на побарувачката по ублажување на рестриктивните мерки во светот воведени поради пандемијата со Ковид-19.

Нето заработката на Coca Cola во второто фискално тримесечје изнесуваше 1,78 милијарди долари или 41 цент по акција, што е пад во однос на 2,61 милијарди долари или 61 цент по акција во истиот период во 2019 година.

Во вториот квартал нето продажбата на Coca Cola е намалена за 28% на 7,2 милијарди долари.

Фото: Pixabay