Намалена невработеноста во Словенија

19

Вкупниот број на регистрирани невработени во Словенија се намали втор месец по ред и во март е помал за 6,1% во однос на февруари.

Во однос на март минатата година, бројот на невработени е за 6,1% поголем, според најновите податоци на Заводот за вработување.

Од евиденцијата минатиот месец се избришани 9.982 лица, од кои 7.971 нашле работа или сами си отвориле бизнис, што е за 19,7% повеќе во однос на февруари и за 32,1% повеќе одошто минатата година.

Во првите три месеци од оваа година, во евиденцијата повторно се запишани 19.845 лица кои претходно биле избришани од евиденција, што е за 18,4% помалку во однос на истиот период лани.

Фото: Pixabay