Намалена побарувачка за тоалетна хартија поради натрупани залихи

57

Германските производители на тоалетна хартија имаат значително помала потрошувачка во првото тримесечје од оваа година, што се должи на претходното прекумерно создавање на залихи во текот на минатата година.

“Во првото тримесечје од оваа година побарувачката за хигиенска хартија, во споредба со истиот период лани, е намалена за 8,1%“, велат од германското здружение на производители.

Тоа го објаснуваат со фактот дека маркетите минатата година, по недостигот на тоалетна хартија во текот на пролетниот карантин поради пандемијата, нарачале необично големи количини на хартија коишто сега стојат во складиштата.

“Станува збор за ефект од паничното купување тоалетна хартија во текот на ланскиот карантин“, велат производителите.

Тие во исто време бележат и 12% пониска побарувачка за хартија за весници. Тоа се поврзува со сè поголемата дигитализација на медиумите и фактот дека поради пандемијата многумина работат од дома и не купуваат весник во трафика.

Поради пораст на интернет трговија, за 6% има пораст на побарувачката за картони за пакување.

Фото: Pexels