Магла има на Страцин, Стража, Маврово и Пресека

36

Намалена видливост поради магла има на Страцин-150м, Стража-50м,Маврово-20м, Пресека-50м. Се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на патната сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Исто така има теренски активности(геотехнички истражни работи) кои се изведуваат на патниот правец А-1 делницата Неготино-Демир Капија се завршени.

На патниот правец А-1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучката Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите.

На патниот правец М.Каменица-Делчево(А3) на 2 км пред Делчево ос 08.00 до 17.00 часот се изведуваат контролирано растеретување на косините поради што во одредени временски периоди сообраќајот се одвива со кратки застои наизменично по една коловозна лента регулиран со соодветна сообраќајна сигнализација.

Ги предупредуваме возчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Од 15.11.2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2014 година.

Сезонско затворање на патннте правци има на Р2 332, Охрид-Ресен преку Галичица(врска со Р1307(Царина)-врска со А3 и Р1301(Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора за сообраќај на сите визила од 15.11.2013 до 31.03.2014 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци ндвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.