Намалена вкупната вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

17

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – март 2016 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.547.838 илјади денари, што е за 18,2% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 147.748 илјади денари, што е за 66,2% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Албанија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем.
Вредносните податоци за периодот јануари – мaрт 2016/2015 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 56,3744 денари.