Намалена вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во 2015

12

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во текот на 2015 година изнесува 3.412.089.000 денари што е за 52,7% помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 2.666.315.000 денари што е за 136,7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Хрватска, Италија, Србија, Босна и Херцеговина и Холандија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Полска, Словенија, Малта и Грција.