Намалена вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи во декември

20

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во декември 2014 година изнесува 1.556.320.000 денари, што претставува намалување за 26,9% во споредба со декември 2013 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 35,8%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 3,9%.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, фуражните растенија, алкохолните пијалаци, млекото и млечните производи, додека намалување се забележува кај: индустриските, градинарските растенија, овошјето и грозјето, добитокот, живината и јајцата и рибата.