Намалени цените на становите во второто полугодие од минатата година

64

Просечната цена на еден метар квадратен во второто полугодие од 2019, е намалена за 4,3% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 2,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во 2019 изнесуваше 44.994 денари, што е за 4,3% повеќе во однос на 2018 година.

Во Скопје, просечната цена на еден метар квадратен изнесуваше 48.204 денари, што е за 3,1% повеќе во споредба со 2018 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 35.255 денари, што е за 6,3% повеќе во споредба со 2018 година.

Фото: Pixabay