Намалени цените на тековно потрошени средства во земјоделството

20

Цените во земјоделството во ноември оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3,8%, а кај аутпутот е зголемен за 5,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември оваа година, во споредба со истиот период лани, цените на тековно потрошени средства во земјоделството бележи намалување од 4%, додека кај средства наменети за инвестиции во земјоделството изнесува бележи порасто од 0,6%.

Во делот аутпут, во ноември 2014 година, во споредба со ноември 2013 година, цените на растителното производство е во пораст од 7,8%, додека кај цените на добиточното производство порастот е 0,6%.