Намалени цените во земјоделството во декември

16

Цените во земјоделството во декември оваа година, во однос на претходниот месец, кај инпутот се намалени за 6,4%, а кај аутпутот за 6,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2014 година, во споредба со декември 2013 година, цените на тековно потрошените средства во земјоделството, бележат намалување од 6,8%, а цените на средствата наменети за инвестиции во земјоделството, бележат пораст од 0,6%.

Во делот аутпут, во декември 2014 година, во споредба со декември 2013 година, цените на растителното производство изнесува бележат намалување од 9,3%, а цените на добиточното производство бележат пораст од 0,1%.