Намалени девизните резерви во април

11

evra-kukicka-pexels

Фото: Pixabay

Вкупните девизни резерви заклучно со крајот на април оваа година изнесуваа 2.495.960.000 евра, што е за 38.450.000 евра помалку во однос на март, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија.

Истиот период претходната година, вкупните девизни резерви достигнаа вредност од 2.193.890.000 евра.

Најголем дел од вкупните државни девизни резерви отпаѓаат на хартии од вредност, на чие салдо заклучно со 30.04.2017 година беше 1.811.480.000 евра или за 4,6 милиони евра помалку во однос на претходниот месец. На крајот на април минатата година хартиите од вредност изнесуваа 1.520.300.000 евра.

Валутите и депозитите на крајот на април изнесуваа 423.710.000 евра, еден месец претходно беа 457.820.000 евра, додека истиот период лани достигнаа 282.990.000 евра.

Државното монетарно злато вредеше 256.130.000 евра, додека на крајот на март неговата вредност беше 255.770.000 евра. Неговата вредност во април 2016 година беше 245.600.000 евра.