Намалени откупот и продажбата на земјоделски производи во третиот квартал

42

domati-pexels

Фото: Pexels

Откупот и продажбата на земјоделски производи, во третото тримесечје од оваа година, се намалени за 7,7% во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 15,1%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 0,9%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и рибата, а намалување е забележано кај: житата, индустриските растенија, градинарските растенија, фуражните растенија, овошјето, грозјето, млекото и млечните производи.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува намалување во јули, додека во август и септември е забележано зголемување.