Намалени продажните цени на индустриски производи во ноември

11

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар во ноември оваа година, во однос на претходниот месец се пониски за 0,7%, додека во однос на истиот период лани намалувањето е за 0,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2016, во споредба со октомври 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 1,9%, Енергија за 0,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.

Во ноември 2016, во споредба со ноември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 5,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5%.