Намалени цените во земјоделството во август

13

Цените во земјоделството во август оваа година, во однос на истиот месец лани, и кај инпутот и кај аутпутот, се намалени за 0,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август 2016 година, во споредба со август 2015 година, цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) се намалени за 0,8%, а цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) се пониски за 0,6%.

Во делот аутпут, во август 2016 година, во споредба со август 2015 година, цените на растителното производство се зголемени за 1,1%, а кај цените на добиточното производство има намалување од 4,2%.