Намалено индустриското производство во ноември

29

Индустриското производство во ноември оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 2,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по секори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, бележи опаѓање од 11,9%, во секторот  Преработувачка индустрија пораст од 0,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 9,6%.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2019 година, во однос на ноември  2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 6,6%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 10,7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2%.

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2019 година, во однос на периодот јануари – ноември 2018 година, е зголемено за 4,7%.

Фото: Pexels