Намалено производството на кравјо млеко во 2015 година

23

Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2015 година изнесува 361.072.000 литри што е за 6,7% помалку во однос на 2014 година.

Зголемување на производството во 2015 година, во однос на претходната година, е забележано кај овчото млеко за 14,3% и кај козјото млеко за 14,6%. Вкупното производство на месо е намалено за 3,3%, но производството на свинско месо е зголемено за 9,5% во однос на претходната година.

Од другите добиточни производи, во 2015, во однос на 2014 година, забележано е зголемено производство на волна, а намалено производство на јајца.