Намалено производството на шумски производи

13

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во трето тримесечје од 2013 година, во однос на трето тримесечје од 2012 година, е намалено за 8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупци од листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни и листопадни видови, огревното дрво од листопадни видови и други.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, просторно дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.