Намалено производството на шумски производи во вториот квартал

20

suma-pixabay

Фото: Pixabay

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2017 година, во однос на второто тримесечје од 2016 година, е намалено за 21,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни видови, додека намалување на шумското производство е забележано кај повеќето шумски производи.