Намалено вкупното производство на шумски производи во последното тримесечје од 2016

21

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми, во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, е намалено за 31,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничко дрво од иглолисни и листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај друго обло дрво од листопадни видови. Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторно дрво од листопадни видови, огревно дрво од иглолисни и листопадни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки.