Обезбедувањето простор на контејнерските бродови би можело да биде најголемиот предизвик за логистичкиот сектор во 2022 година, според новата студија на логистичката компанија Container xChange, пренесена од порталот PlutonLogistics.
Истражувањето во кое учествувале околу 800 логистички компании открива дека дури 53% од испитаниците веруваат дека овој проблем ќе им зададе најмногу проблеми во наредната година. Од вкупниот број на испитаници, 54% очекуваат лоши перформанси во синџирите на снабдување во 2022 година, додека 11% предвидуваат уште полоша ситуација од оваа година.
Поради сето горенаведено, речиси три четвртини од испитаниците почнале да ги разгледуваат логистичките стратегии, како и проактивно да бараат повеќе опции за набавка, а во исто време решиле да чуваат поголеми залихи.











