Naomi – виртуелен советник за психолошка поддршка

64

Загрепската компанија MindLab создаде chatbot за психолошка помош, пренесува Пословни дневник.

Станува збор за виртуелниот советник за ментално здравје, Naomi, којшто преку Facebook Messenger на корисниците им нуди 24-часовна поддршка за некоја стресна ситуација и различни непријатни чувства.

“Идејата de facto се роди преку ноќ – ајде на луѓето да им обезбедиме некој вид на психолошка помош достапна со само еден клик. И така е настаната Naomi. Таа не прави никаква клиничка дијагностика ниту психотерапија, туку дава корисни совети, поставува адекватни прашања за размислување, за да може корисниците сами да дојдат до некои заклучоци“, велат од MindLab.

Naomi, како што велат од таму, создадена е за само пет дена, а тимот сакал брзо да реагира поради вонредната состојба предизвикана од коронавирусот, за да може да корисниците да им се помогне некој вид на поддршка и полесно да го надминат овој период.

Во првите три недели, овој виртуелен советник го испробале скоро 1.000 корисници. Во план е изработка на систем што ќе понуди неделна и месечна специјализирана програма за следење и поддршка.

Фото: Freepik