
Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка.
На крајот на април 2026 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 5.207 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,8%), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (12,3%).











