Народна банка со добивка од 1,5 милијарди денари во 2020 година

60

Народна банка 2020 година ја заврши со нето добивка од 1.565.223.000 денари, покажува билансот на успех на Народна банка за годината што завршува на 31 декември 2020 година.

Една година претходно, нето добивката на Народната банка беше на ниво од 3.197.450.000 денари.

Приходите од камати минатата година достигнаа 149,8 милиони денари, додека една година претходно тие изнесуваа 368,9 милиони денари. Нето приходите од провизии, заклучно крајот на декември, достигнаа 248.741.000 денари, додека на крајот на 2019 година беа позиционирани на 285,4 милиони денари.

Според билансот на состојба на Народната банка, заклучно 31 декември 2020 година, салдото на ефективни странски пари беше 3,4 милијарди денари, на депозити во странска валута 26,7 милијарди денари, на странски хартии од вредност 156 милијарди денари, на златото нешто повеќе од 21 милијарда денари и на специјални права на влечење од 38,7 милиони денари.

На 31 декември 2020 година, вкупниот број на вработени изнесува 434, додека на 31 декември 2019 година беше 440.

Фото: Pexels