Нашиот иновативен пристап кон податоците, на компаниите им овозможува подобра наплата, зголемена продажба и сигурност

108
ognen 1
Огнен Огненоски, коосновач и управител на Таргет Груп ДОО Скопје

Таргет Груп е компанија за управување со деловни информации, со целосна база на регистарски и финансиски податоци за сите регистрирани правни лица од државата. Компанијата развива алатки за проценка на квалитетот на компаниите и ризикот кој произлегува при соработка со компаниии, алатки за зголемување на продажба и слично, а нејзини брендови се БизнисМрежа.мк, Ебонитети.мк и Бонитет.мк – меѓународна платформа за пристап до бонитетни информации за повеќе од 25 милиони европски компании.

За платформите и услугите што ги нудат, зборувавме со Огнен Огненоски, коосновач на Таргет Груп. Огнен е дипломиран економист на државниот Економски факултет во Љубљана, а работно искуство стекнувал во повеќе словенечки компании.

БИ: Таргет груп е релативно млада компанија на домашниот пазар, со што се занимава?

Таргет Груп е компанија за управување со деловни информации. Поседуваме целосна база на регистарски и финансиски податоци за сите регистрирани правни лица од државата и ги обработуваме според потребите на пазарот. Развиваме алатки за проценка на квалитетот на компаниите и ризикот кој произлегува при соработка со компаниии, како и алатки за зголемување на продажба и слично. Нашата цел е да ги задоволуваме потебите на корисниците за едноставни и правовремени информации. Нашиот иновативен и професионален пристап кон податоците, на македонските компании им овозможува заштита на својата изложеност, подобрување на наплатата и зголемување на продажбата. Нашите брендови се БизнисМрежа.мк, Ебонитети.мк и Бонитет.мк – меѓународна платформа за пристап до бонитетни информации за повеќе од 25 милиони европски компании.

БИ: Што претставува веб платформата BiznisMreza.mk и какви податоци им нуди на македонските компании?

БизнисМрежа.мк е огромен проект во постојан развој, кој има за цел на македонските компании да им овозможи квалитетни деловни информации за македонските компании. Платформата ги содржи сите регистрирани субјекти од државата со историјат од 2006-та година до денес. Податоците се дневно ажурирани, со што на корисниците им се овозможува правовремена информација во вистинско време. БизнисМрежа содржи преку 120.000 правни лица, меѓу кои 73.000 активни, со целосни податоци од тековна состојба, како на пример увид во организационата структура и регистерските податоци, па се до увид во сопственичката и управувачката поврзаност на сите компании (поврзани лица) со други правни лица од државата. Платформата нуди единствена можност за мониторинг на компании, преку кој, секојдневно добиваат нотификации за настанати промени кај пријавените субјекти. Мониторингот заштитува од критични промени кај клиентите, како стечаи, ликвидации и сл., со што ќе може навремено да реагира во дадена ситуација.

BM finance - NEW TAB Graph

БИ: Кои се предностите од користењето на податоците од оваа платформа и за кого се наменети?

БизнисМрежа.мк е онлајн платформата, која се ажурира секојдневно, а воедно ги содржи сите компании од државата со целосни регистарски и финансиски податоци, како и единствена можност за проверка на блокада на сметка. Предноста од користењето на платформата е огромна, помага при заштита на изложеноста, да донесете паметни деловни одлуки во соработка со нови соработници, при проверка на конкуренцијата и слично. Платформата е наменета за сите оние на кои им се потребни секојдневни квалитетни деловни одлуки.

БИ: Со колкава база на податоци располага Таргет груп и со каков вид на компании најчесто соработувате?

Таргет Груп е лидер за деловни информации. Нашата база на податоци е најголемата приватна база за правни лица во државата која е извор на квалитетни деловни одлуки. Базата ги покрива сите регистрирани правни субјекти од државата, преку 73.000 активни или вкупно повеќе од 120.000 субјекти со историјат од 2006 година до денес. Нашата база на податоци ги покрива и финансиските податоци за сите македонски компании, со што нашите клиенти лесно можат да направат таргетирање на потенцијални соработници, да определат пазарен уддел или со проверка на бонитетот на компанијата да донесат одлука дали да започнат или продолжат соработка со компанија. Соработуваме со повеќе од 300 компании од државата, од различна дејност и големина, меѓу нив има банки, ревизорски куќи, финансиски друштва, производители, дистрибутери и сл. Секоја компанија која има соработка со правни лица е наш потенцијален клиент.

БИ: Каков вид на платформа е bonitet.mk, со колкава база на податоци располага и кои земји ги опфаќа?

Таргет Груп е генерален застапник за најголемата компанија во Европа за деловни податоци – Бисноде АБ од Шведска. Преку платформата бонитет.мк на извозно ориентираните компании им овозможуваме онлајн преглед на бонитетот за преку 20 милиони компании од Европа. Платформата опфаќа 100% од компаниите од Екс ЈУ државите, Русија, Германија, Италија, Полска, Швајцарија, Унгарија и други. Предноста на платформата е во дневната ажурираност на податоците (бонитетна оцена, кредитен лимит/маржа, критични случувања, блокада на сметка, судски спорови, индекс на плаќање и сл.). Најголемите извозници од Македонија веќе ја користат платформата при носење секојдневни одлуки во соработка со компании од странство.

BM finance - NEW TAB

БИ: Колку менаџерите во Македонија ги користат бонитетните извештаи за да донесат одлука за соработка со потенцијален партнер или да ја измерат силата на конкуренцијата?

Бонитетниот извештај претставува крвна слика на компанијата која ги содржи сите потребни информации околу нивната ликвидност, ефикасност, изложеност, историски и сегашни информации, со кои, доколку ги знаете многу лесно можете да донесте одлука, која ќе Ви помогне да зголемите сигурност и доверба во партнерите, а воедно да направите детална анализа на конкуренцијата. Годишно, имаме неколкукратно зголемување на бројот на изработени бонитетни извештаи, што е повеќе од одлично и можам да заклучувам дека македонските менаџери брзо ја согледуваат потребата од квалитетна анализа на нивните партнери. Секој успешен менаџер, пред носење било каква важна одлука мора да се потпре на квалитетни информации кои притоа ќе му помогнат, а сето тоа е содржано во бонитетниот извештај.

БИ: Која е Вашата дефиниција за успешен претприемач?

Секој оној кој ги следи потребите на пазарот, трудејќи се да овозможи иновативни и квалитетни услуги од кои корисниците ќе почуствуваат корист и нужност носи сигурен успех. Конечниот успех следува на крај, претставува последна станица на долготрајното учење и работење. Најважно од сè е да не се откажуваме. Секогаш успехот е проследен со чести падови, преку кои мораме да извлечеме поука и да станеме посилни.

 

* Фотографиите даваат ексклузивен увид во новата верзија на Бизнис Мрежа која што ќе започне од февруари 2016.