Наскоро ќе се формира регионална асоцијација на пазари

28

Групацијата на пазари при Здружението на комунални дејности, во рамки на Стопанската комора на Македонија, учествуваше на Регионалната конференција за дејноста пазари, што се одржа во Белград на 26-ти ноември.

На конференцијата, на која учествуваа и претставници од Црна Гора и Република Српска, беа претставени условите во кои стопанисуваат пазарите, законската рамка и перспективите за развој. Биле разменети искуства околу начинот и можноста за нови инвестиции преку јавно приватно партнерство, аплицирање на проекти од ЕУ фондовите и слично.

Учесниците нагласија дека регионот мора да стане член на Светската асоцијација на пазари, од каде би добивале соодветни и навремени информации за можностите за обезбедување финансиски средства за нови инвестиции, начини на модернизација, примена на меѓународни стандарди, процедури и слично. Беше договорено, во следниот период третите асоцијации на пазари да се здружат во регионална асоцијација која ќе аплицира за членство во Светската асоцијација.

Во рок од шест месеци ќе треба да се реализира нов регионален состанок на кој ќе се официјализира регионалната асоцијација.