Наскоро почнува со работа хрватската берза за електрична енергија

19

energjia-550x370

Следната недела треба да започне со работа хрватската берза за електрична енергија (CROPEX). Почетокот на работа на берзата е последниот чекор од либерализацијата на пазарот на електрична енергија во Хрватска, вели министерот за економија Иван Врдољак, пренесува Лидерпрес.

“CROPEX значително ќе им ја олесни работата на трговците со струја затоа што при краткорочно тргување ќе имаат централно организирано место за тргување за ден однапред и нема да мислат дали продадената енергија ќе им биде платена, затоа што тој ризик го презема берзата”, објаснува директорот на берзата, Силвио Бркиќ.