Наследникот на Samsung ќе оди во затвор

88

Наследникот на деловната империја Samsung, Ли Џае-Јонг, осуден е на затворска казна во повторено судење за корупција. Со оваа пресуда технолошкиот гигант останува без личноста која носи главни одлуки во работењето.

Високиот суд во Сеул го осуди Ли, формално потпретседател на Samsung Electronics најголемиот производител на паметни телефони и компјутерски чипови во светот, на 2,5 години затвор, пренесоа јапонските медиуми.

Ли ја водеше компанијата неколку години откако неговиот татко доживеа срцев удар, а потоа почина во октомври минатата година. Во позадината на случајот е корупцискиот скандал на поранешната јужнокорејска претседателка Парк Геун хие, а Ли беше прогласен за виновен за проневера и мито.

Ли “активно давал мито и индиректно го замолил претседателот да ги искористи своите овластувања за да обезбеди непречен трансфер на власта на чело на деловниот конгломерат“, напиша судот во пресудата.

Претходно беше осуден на пет години затвор за корупција во 2017 година, а таа казна беше претворена во условна казна една година подоцна. Но, Врховниот суд ја поништи пресудата и нареди ново судење.

Фото: Facebook