Наставници од Македонија на натпревар на Microsoft во Барселона

4

Со цел да се препознаат и наградат достигнувањата на иновативните училишни лидери и наставници, кои на најдобар начин преку технологијата им помагаат на учениците да го остварат својот потенцијал, од 11 до 14 март во Барселона ќе се одржи глобалниот едукативен натпревар на Microsoft.
Едукативната олимпијада ќе се одржи 9-ти пат во организација на Microsoft. Годинава на овој светски форум се очекуваат над 1.100 учесници од 97 земји членки, над 150 владини и образовни лидери, преку 300 најдобри училишни лидери, над 250 најдобри наставници…
Македонија на овој форум ќе ја претставуваат тројца наставници – Весела Богдановиќ, годинашен победник на државниот натпревар од вкупно 186 проекти кои конкурираа на програмата Microsoft Educator Expert, Дарко Талески и Софија Грабулоска, победници од претходниот Светски форум во 2012 година.
Досега Македонија учествуваше на Светскиот натпревар со проектите Бабини игри и Stop Motion Animation, кои беа наградени на европските и светските натпревари на Microsoft во 2010, 2011 и 2012 година.
Мicrosoft овозможи и онлајн да се следи светскиот форум, преку фејсбук линкот http://on.fb.me/1fgqT6B.