Native Shoes – патики од ананас и еукалиптус

99

Канадскиот бренд за чевли Native Shoes креираше унисекс патики од вегански материјали, вклучувајќи лушпа од ананас, еукалиптус и сушено млеко од хвеа (гумено дрво). Сите компоненти од коишто се составени патиките се биоразградливи и не содржат животински делови.

Надвоешниот дел е изработен од природен латекс -lactae hevea – супстанца од тропското дрво a substance хвеа. Не содржи никакви адитиви или петрохемиски елементи што обично ги има во материјалите од вештачка гума, пишува Dezeen.

Средишниот дел на чевелот е комбинација од 90% плута и 10% сисал, мексиканско растение одгледувано за производство на растителни влакна. Внатрешноста е формирана од пченка и кенаф, кончесто растение од источна и централна Африка. Еукалиптусот е искористен за екстра цврстина на патиките, додека органски лен е употребен за влошката. Секој од овие материјали се поврзани со природен конец натопен во маслиново масло и природен лепак од латекс.

Фото: Native Shoes