Натпревар Business Wall of Fame на Дојче Телеком: Гласање за најдобрите деловни решенија за Интернет на нештата

23

T_BWF_PR_01-voting

Почнувајќи од денеска, деловните корисници можат да гласаат за нивните омилени Интернет на нештата (IoT) решенија поднесени на платформата на натпреварот Business Wall of Fame (wallofbusines.com) на Дојче Телеком. Голем број на извонредни IoT решенија од повеќе индустрии веќе се пријавени, а развивачите сè уште имаат можност да ги поднесуваат нивните решенија. Едно нешто е заедничко за сите решенија – тие ја поедноставуваат работата на деловните корисници.

Гласањето за најдобрите решенија може да се исплати. Секој деловен корисник кој ќе гласа може дополнително да стане поддржувач на омиленото IoT решение и да добие национална маркетинг кампања заедно со избраното решение во вредност до 20.000 евра. Со јавното гласање ќе се определат најдобрите решенија поднесени во секоја од земјите, а потоа стручно жири ќе ги избере националните победници и најдоброто меѓународно IoT решение.

Национален победник: Најдобро IoT решение за деловни корисници – Осум национални маркетинг кампањи со поединечна вредност од 30.000 евра.

Национален победник: Најдобар поддржувач на национално IoT решение за деловни корисници – Осум национални кампањи со поединечна вредност до 20.000 евра.

Специјална награда: Најдобро меѓународно IoT решение за деловни корисници – Меѓународно партнерство со Групацијата Дојче Телеком преку кое може да се допре до потенцијални 10,8 милиони деловни корисници во осум земји и промоција на Меѓународен индустриски саем во вредност до 10,000 евра.

Развивачите ги поднесуваат нивните иновативни IoT решенија за деловни корисници на wallofbusiness.com од 20 април. Гласањето за најдобрите решенија започна и ќе трае до 22 јуни. Победниците ќе бидат објавени на 7 јули, 2015 година.

Натпреварот Business Wall of Fame се одвива во Македонија, Австрија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Романија и Словачка. Натпреварот е наменет за развивачите коишто би сакале да го промовираат нивното IoT решение и да го направат достапно до пошироката публика. Интерес постои за иновативни IoT решенија коишто ја поедноставуваат работата на деловните корисници. Повеќе информации во врска со натпреварот, учеството, гласањето, условите и роковите, на веб страницата wallofbusiness.com.