Натусана Македонија започнува кампања наменета за Дневен центар за деца со аутизам

135

natusana logo

Со кампањата „За хуманоста да стане навика“, Натусана Македонија ќе го одбележи својот 10 годишен јубилеј. Тримесечната кампања се состои од собирање средства наменети за уредување на Дневниот центар за деца со аутизам во Скопје.

„Натусана Македонија преку својата работа веќе десет години континуирано се грижи и едуцира за создавање на здрави навики кај нашите потрошувачи. Како надградба на нашата десетгодишна мисија ја создадовме и кампањата „За хуманоста да стане навика“ која има за цел да обедини и поттикне на хуманост за сите заедно да помогнеме за Дневниот центар за деца со аутизам го направиме подобро и попријатно место. Се надеваме дека ќе бидеме успешни во нашата цел и хуманоста, како и споделувањето радост на другите ќе ни стане секојдневна рутина и навика“, изјави Александар Донев, генерален менаџер на Натусана.

Натусана за опремување на дневниот центар ќе издвои свои средства, а исто така ќе се издвојува и процент од продажбата на брендовите, Мултивитамол витамините и Лакалут детската линија за орална хигиена. Производите од чија продажба се издвојуваат средства за донирање во Центарот се достапни во сите аптеки.

„Иницијативата за подигнување на свеста за потребите на нашиот центар е добредојдена во секој можен аспект. Секој нов ден во дневниот центар е нов предизвик затоа што децата со нарушен аутистичен спектар имаат посебна дарба да го доживеат светот, тоа ги прави толку нежни, а од друга страна и посебни. Подеднакво желни за комуникација бараат поинакво внимание и пристап. Затоа толку ни е неопходна специјална опрема и реквизити како би можеле на овие деца да им обезбедиме што понормално живеење“, додаде Елена Степаноска, координатор во Дневниот центар за аутизам во Скопје.

Хуманитарната акција ќе се финализира на 20 ноември по повод Интернационалниот ден на детето што е симболично поврзано и со производите од чија продажба ќе се издвојуваат средства и со корисникот на донацијата.

Во Дневниот центар за аутизам престојуваат 10 деца во текот на целиот денот, 5 деца се под опсервација, а за нив се грижат логопед, психолог, дефектолог и негувател.