Научници развија петминутен тест за антитела на Ковид-19

24

Научници од Универзитетот Оксфорд развија брз тест за Ковид-19 којшто може да идентификува коронавирус за пет минути. Ваквиот тест би можел да се користи за масовно тестирање на аеродроми и компании.

Од Оксфорд се надеваат дека на почетокот на 2021 година би можело да почне тестирањето, а одобрението ќе следи шест месеци потоа.

Со тестот ќе може да се детектира коронавирусот и да се разликува од другите вируси со голема веројатно.

Се очекува тесто да биде едноставен за користење, брз и достапен. Инаку, брзите тестови на антитела се клучни за масовно тестирање и овозможуваат нормализирање на состојбата во економијата во услови кога вирусот слободно циркулира.

Досегашните брзи тестови се побрзи и поевтини, но не даваат толку точни резултати како молекуларните ПЦР тестови.