Научници создадоа маска што го неутрализира коронавирусот

89

Институтот за молекуларна медицина од Лисабон објави дека ја креирале првата заштитна маска способна да го неутрализира коронавирусот.

Тие тврдат дека маската е многу ефективна и може да се употребува повеќепати.

Од Институтот прецизираат дека заштитната маска е развиена со помош на специјална ткаенина, која се состои од неколку различни водоотпорни слоеви. Спроведените тестови ја потврдиле ефективноста на производот во заштитата од инфекција со коронавирус.

“Маската има иновативна обвивка што го неутрализира SARS-CoV-2 вирусот кога доаѓа во контакт со ткаенината“, велат од институтот.

Научниците велат дека заштитниот ефект останува дури и по 50 перења на маската. Обвивката на маската може да ги намали честичките заразени со вирусот за 99% за половина час, вели Педро Симас од Институтот за молекуларна медицина во Лисабон, еден од виролозите кои работеле на дизајнот на маската.

Фото: adtech