НБ: Раст на кредитите на домаќинствата во странска валута во септември

25

Банките и штедилниците во септември им одобриле кредити на домаќинствата коишто се повисоки за 0,8% и 9,5%, на месечно и годишно ниво, соодветно. На месечно ниво, кредитирањето на домаќинствата во странска валута е поголемо од кредитирањето во домашна валута, додека на годишно ниво придонесот е во обратна насока, односно кредитирањето во денари е поголемо, во однос на кредитирањето во странска валута, покажуваат податоците на Народна банка.

Со исклучување на ефектот од извршените отписи на сомнителните и спорните побарувања, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата во септември изнесува 10,3%.

Во септември, вкупните депозити на домаќинствата забележаа месечен и годишен раст од 0,6% и 9,3%, соодветно. Месечниот и годишниот раст е резултат на порастот кај сите компоненти на депозитите, со поизразен придонес на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.

Во септември, од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 1,0% и 0,6%, соодветно, како и годишен раст од 12,8% и 11,9%, соодветно. Автомобилските кредити, овој месец, оствариле месечен пад од 1,4%, додека на годишно ниво се повисоки за 4,8%. Кредитите одобрени на кредитни картички бележат надолна месечна и годишна промена од 0,5% и 2,3%, соодветно, додека, негативните салда на тековните сметки оствариле месечно и годишно зголемување од 2,1% и 2,3%, соодветно. Кај кредитите одобрени врз други основи е евидентиран месечен раст од 1,0%, како и годишен пад од 8,2%.

Фото: Pixabay