НБРМ: Банките остварија трипати повисока добивка во првиот квартал од 2016

19

Во првиот квартал од 2016 година, банките во Македонија остварија речиси трипати повисока добивка во споредба со првите три месеци од претходната година, покажува Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во првиот квартал од 2016 година.

“Намалените каматни расходи и намалената вкупна исправка на вредноста на финансиските средства (кредитите) и на нефинансиските средства (преземениот имот) на банките, имаа најизразено влијание врз зголемената добивка“, стои во Извештајот.

Основните показатели за профитабилноста – повратот на актива и на капиталот, како што се наведува, се значително зголемени, а е подобрена и оперативната способност на банките за создавање приходи коишто ги покриваат расходите од нивното работење и покрај малиот раст на оперативните трошоци на банките.

“Заклучно со март 2016 година, десетте банки коишто остварија добивка, претставуваат 92,3% од вкупната актива на банкарскиот систем“, стои во Извештајот.

Во првиот квартал од 2016 година, вкупните приходи на банките пораснаа за 237,1 милиони денари или за 4,6% во споредба со претходната година, достигнувајќи 5.422,4 милиони денари. Носител на зголемувањето на приходите на банките е зголемениот нето каматен приходи, којшто се зголеми поради намалените каматните приходи, при истовремено незначително зголемување на каматните приходи.