НБРМ: Блокирани 244.049 сметки во 2016 година

14

se-drzi-za-glava-pixabay

Фото: Caio triana/ Pixabay

Бројот на блокирани сметки на крајот од 2016 година, што се во сопственост на 117.602 блокирани депоненти, изнесуваше 244.049 (или 6,3% од вкупните трансакциски сметки) и оствари годишен пад од 2,1%, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Намалувањето на блокираните сметки се должи на намалениот борј на блокирани сметки на правните лица (53.656 на крајот на 2016 година, што се во сопственост на 35.339 блокирани депоненти, наспроти 68.836 блокирани сметки на правните лица во 2015 година), коишто на годишна основа бележат голем пад од 22,1%.

Големиот пад на блокираните сметки на правните лица, како што се наведува, е прво вакво придвижување по појавата на глобалната криза во 2009 година и следува по период на речини постојан раст на блокирани сметки.

Бројот на блокирани сметки е зголемен за 5,8% во однос на истиот период од претходната година. За 2016 година, карактеристично е значителното забавување на растот на блокираните сметки на физичките лица, во споредба со претходните две години кога беа забележани двоцифрени стапки на раст на блокираните сметки (од 35,4% и 19,1% во 2014 и 2015 година соодветно).