ЦЕФ е водечка институција за учење во Југоисточна Европа (ЈИЕ) којашто нуди висококвалитетна и соодветна програма за учење за владините финансиски службеници. ЦЕФ годишно спроведува околу 60 настани за учење од областа на управувањето со јавните финансии, даночната политика и администрацијата, централното банкарство и лидерството за управување со реформите. Покрај тоа, ЦЕФ спроведува две програми за сертификација во земјата за јавни внатрешни ревизори и сметководители во Црна Гора и за јавни сметководители во Србија. На настаните присуствуваат повеќе од 1 200 јавни службеници од министерствата за финансии, централните банки и други јавни институции од цела ЈИЕ.
Управниот одбор е тело за одлучување на ЦЕФ коешто одлучува за програмата и стратегијата на ЦЕФ. На состанокот, Одборот го потврди годишниот извештај на ЦЕФ за 2017 година и ги разгледа темите поврзани со управувањето и со програмата.