НБРМ најдоцна до 15 декември ќе го пропишува минималното ниво на капитал за банката

20

nbrm-logo-pocetna

Народната банка на Република Македонија, најдоцна до 15-ти декември во тековната година, ќе го пропишува минималното потребно ниво на капитал за банката за следната година, одлучи Советот на НБРМ на 13-тата седница.

“Со донесените измени е утврдено дека најмалку еднаш годишно овластените лица од Народната банка го оценуваат минималното потребно ниво на капитал за банката, коешто се однесува за наредната година. Најдоцна до 15 декември во тековната година, Народната банка ќе го пропишува минималното потребно ниво на капитал за банката за наредната година. Оцената на минималното потребно ниво на капитал за банката ќе може да се изврши и во период пократок од една година, доколку е потребно поради природата, видот и обемот на активностите што ги врши банката и ризиците на кои е изложена како резултат на тие активности, за што банката, соодветно ќе биде известена“, стои во соопштението на НБРМ.

Централната банка ја разгледа и ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот на вршење супервизија и надзор. Со донесените измени се појаснува процесот на изготвување оцена на севкупниот профил на ризик на банка и неговата содржина, вклучувајќи ги и ризиците коишто произлегуваат од макроекономското опкружување.

Оцената на севкупниот профил на ризик на банката, во согласност со оваа Одлука, опфаќа оцена на деловниот модел на банката, корпоративното управување во банката, ликвидносната состојба во банката и ризиците врз капиталната позиција на банката. Со Одлуката се определува начинот на којшто, врз основа на утврдениот севкупен профил на ризик на банка, се изработува супервизорска стратегија за банката, се оценува минималното потребно ниво на капитал за банката и потребата за пропишување на повисоки стапки од пропишаните во член 65 ставови 1 и 2 од Законот за банките.