НБРМ: Пад на ликвидноста на банките во јануари

13

Ликвидноста на банките оствари умерен месечен пад во јануари, покажуваат оперативните податоци за тековите на ликвидноста на Народната банка на Македонија.

“Денарските депозити на државата имаа најголем придонес за падот на ликвидноста. Од друга страна, сезонскиот пад на готовите пари во оптек придонесе за раст на ликвидноста. На девизниот пазар, во услови на релативно пониска девизна позиција на банките, НБРМ интервенира со банките поддржувачи со продажба на девизи. Со тоа, автономните фактори придонесоа за намалување на ликвидноста на банките“, се вели во истражувањето за најновите макроекономски показатели на НБРМ.

Поради тоа, а и при зголемена понуда на краткорочни државни хартии од вредност со повисоки каматни стапки, банките го намалија износот на пласирани ликвидни средства кај НБРМ.