НБРМ: Продолжува трендот на раст на потрошувачки и станбени кредити

38

Кај потрошувачките и станбените кредити одобрени на физички лица, во октомври, се задржува трендот на постојан месечен раст од 0,8% и 1,6%, соодветно, при годишен раст од 14,3% и 14,6%, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Кај автомобилските кредити, како што се наведува, за прв пат по шест месеци, забележан е раст на кредитната активност на месечна основа за 1,4% наспроти годишниот пад од 23,3%. Кредитите одобрени на кредитни картички, како и негативните салда на тековните сметки бележат месечен и годишен раст.

Кај вкупните кредити на домаќинствата, како што велат од НБРМ, остварен е месечен раст од 1% при годишен раст од 7,5%. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорни побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, годишниот кредитен раст кај домаќинствата би изнесувал 11,3%.

Кај вкупните депозити на домаќинствата, забележан е месечен раст од 0,7%, додека на годишно ниво достигна 1,8%.