НБРМ: Раст на депозитите на населението во август

24

Првичните податоци за август покажуваат раст на депозитите на населението, а голем придонес кон растот на вкупната депозитна база имаат депозитите на корпоративниот сектор, беше истакнато на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ.

И покрај високиот месечен раст на депозитите во август заради досегашните послаби остварување, нивото на депозити, како што се наведува, и натаму е пониско од проектираното.

“Податоците за кредитниот пазар за август покажуваат речиси непроменето ниво на вкупните кредити на приватниот сектор споредено со јули, при понатамошно месечно зголемување на кредитирањето на населението и месечно намалување на кредитирањето на корпоративниот сектор. Сепак, годишната стапка на раст на вкупните кредити е во склад со проекцијата, но со оглед на послабите остварувања кај депозитниот потенцијал и присутната неизвесност, постојат ризици околу динамиката на кредитната активност во следниот период“, стои во соопштението на НБРМ.

Имајќи ги предвид овие движења, нивното на девизните резерви во август забележаа значително зголемување. Сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона.

Во однос на показателите од надворешниот сектор, засега расположливите податоци за третиот квартал упатуваат на нешто помал трговски дефицит од очекуваниот и нето откуп на менувачкиот пазар, како показател за приватните трансфери, во рамки на очекувањата. Сепак, расположливите податоци за надворешниот сектор за третиот квартал се ограничени и не може да дадат попрецизна слика во овој сегмент.