НБРМ: Раст на ликвидноста на банките во мај

28

nbrm-logo-pocetna

Ликвидноста на банките, по еднократниот пад во април, во мај го продолжи нагорниот тренд којшто е карактеристичен од почетокот на последниот квартал на 2016 година наваму, меѓу другото беше истакнато на седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ.

Месечниот пораст на ликвидните средства во најголем дел беше резултат на ефектот на трансакциите на државата поврзан со отпочнатата исплата на субвенциите за земјоделство што пак беше делумно неутрализирано со интервенциите на Народната банка кои беа во насока на продажба на девизи.

Во мај, на девизниот пазар беше забележан сезонски раст на побарувачката за девизи, пред сѐ од страна на фирмите, којашто во дел беше надоместена од силната понуда на девизи од страна на менувачниците.

Дополнително, дел од побарувачката за девизи банките ја задоволија од сопствените средства, што влијаеше во насока на намалување на нивните девизни средства, раст на побарувачката за девизи на меѓубанкарскиот пазар и интервенции на Народната банка за обезбедување на банките со потребната девизна ликвидност. Во текот на месецот, банките активно тргуваа и на пазарите на пари, а заради ефикасно управување со ликвидноста, вишокот на средства на нивните сметки продолжија да го насочуваат кон расположливите депозити кај Народната банка.