НБРМ: Раст на вкупните кредити на корпоративниот сектор во декември

7

Кај вкупните кредити на корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 4,9%, наспроти намалувањето од 3,7% на годишна основа, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Месечниот раст, генерално, се должи на денарските кредити, додека годишниот пад е резултат на намалување на кредитите одобрени во странска валута. Доколку се исклучи ефектот од преносот на сомнителни и спорни побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, кредитите на корпоративниот сектор бележат годишен раст од 3,2%.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор во декември забележаа висок раст од 9,3% на месечна основа, додека на годишна основа се зголемени за 13,4%. Притоа, месечниот раст во поголемиот дел се должи на денарските депозити, додека годишниот раст се должи речиси подеднакво на растот на депозитите во денари и во странска валута.