Не го крадете времето на другите – едноставни техники за крај на доцнењето

52

Без разлика дали станува збор за деловен состанок или средба со пријатели, доцнењето е најсебичното нешто што може да го направите.

Кога доцните го “крадете“ времето на другите кое никогаш не можат да си го вратат. Доцнењето од пет или 10 минути е разбирливо, но кога некој доцни повеќе, тогаш тешко е да се има разбирање. Не е лесно да се промени оваа лоша навика, но е возможно. Ако спаѓате во онаа група на луѓе кои никаде не стигаат на време веројатно не разбирате зошто се крева толкава прашина ако доцните неколку минути. Но, ставете се во позиција на другата личност која ве чека и брзо ќе ви стане јасно како доцнењето може да значи дека едноставно не го почитувате туѓото драгоцено време.
За да ги избегнете непријатните ситуации овие неколку трикови ќе ви помогнат да ја совладате техниката за доаѓање на време.

Донесете одлука

Никој не може да ви помогне ако самите немате волја за промена. Прва работа што треба да ја направите е да донесете цврста одлука дека ќе дојдете во договореното време.

Не ги лажете другите

Со мали лаги како “извинете доцнам поради сообраќајот“, себеси си го оправдувате доцнењето. Кажете ја вистинската причина поради која доцните. Кога тоа искрено ќе го признаете, веројатно ќе ви помогне следниот пат да се појавите на време.

Лажете се себе

Послужете се со едноставен трик. Поместете ги стрелките на часовникот барем пет минути за да не доцните. Ако навигацијата ви покажува дека потребни се 30 до 35 минути за да стигнете на одреденото место, не претпоставувајте дека ќе стигнете за 25 минути. Земете предвид дека може да има гужва во сообраќајот.

Водете белешки на календар

Секако, за оваа цел може да користите и телефон, но запишувајте ги состаноците. Имањето добар распоред е клучна работа за да бидете организирани и да се појавите на време. На тој начин однапред ќе знаете каков ви е распоредот и ќе си олесните со организацијата.

Фото: Pexels