Не ја користете микробрановата ако сакате да имате побрз интернет

38

Луѓето би требало да избегнуваат користење на микробранова печка додека се на интернет, велат од Ofcom, како совет за постигнување поголема брзина на интернетот во домашни услови.

“Дали знаете дека микробрановите печки го намалуваат wi fi сигналот“, прашуваат од Ofcom, пренесува BBC.

Бидејќи милиони луѓе низ светот, поради пандемијата од коронавирусот, работат од дома, овој совет би можеле да го имаат предвид.

Меѓу другите совети на Ofcom се и:

  • Поставете го вашиот рутер што е можно подалеку од други уреди (безжичен телефон, уреди за следење на бебиња, халогени лампи и слично) што би му пречеле на сигналот, како што се масички или полици.
  • Рутерот нека биде вклучен цело време.
  • Доколку треба да направите видео или аудио разговор со колегите, тие нека бидат кратки и почести, што е подобро одошто да траат по половина или еден час.

Фото: Pixabay