Не наседнувајте – најчести измами за време на пандемијата

39

Криминалци разработуваат најразлични шеми со коишто може да им го одвлечат вниманието на потрошувачите во услови на пандемија, предупредува британски Trading Standards, пренесува ВВС.

На пример, лажна заштитна опрема е меѓу најпопуларните измами во последно време, а експертите предупредуваат на седум можни измамнички шеми што би биле актуелни и во следниот период.

Високи цени

Трговци ги подигнуваат цените на производите за коишто се очекува да бидат барани на пазарот, како што се, на пример, тестовите за Ковид-19.

Онлајн измами

Во услови на пандемија расте онлајн купувањето, но и можноста да се купи некој фалсификат производ, којшто наместо корист може да донесе поголема штета.

Лажни интернет страници

Криминалци користат лажни интернет страници преправајќи се дека продаваат легални производи.

Тврдења за чудотворни лекови

Се работи за измами на интернет што алудираат на лажни лекови против коронавирус или брзо тестови за негово одредување.

Погрешни фотографии 

Поради мерките за заштита од Ковид-19, луѓето кои се заинтересирани за изнајмување или купување на куќа или стан, пребаруваат преку интернет, каде може да бидат поставени лажни фотографии од недвижниот имот.

Лажни интернет страници за поврат на пари

Криминалци нудат “помош“ при поврат на пари, којашто вообичаено е бесплатна.

Ги таргетираат најранливите

За жал, пандемијата ги допира сите, но мета на криминалци се оние кои се најмногу чувствителни на кризата. ВВС наведува дека ограничувањата поради коронавирусот доведува до поголема изолација и осаменост меѓу луѓето, криминалци таргетираат луѓе кои се сами или напуштени и тоа преку лажни љубовни врски.

Еден од најголемите ризици по здравјето на луѓето, како што се наведува, е тоа што купуваат неодобрени лекови против коронавирусот.

Фото: Pexels