Не се предава без борба: Parler поднесе тужба против Amazon

47

Социјалната мрежа Parler поднесе тужба против технолошката компанија Amazon, тврдејќи дека со нејзината суспензија донела незаконска и политички мотивирана одлука во корист на компанијата Тwitter.

Во тужбата поднесена до Окружниот суд во градот Сиетл, компанијата Parler наведува дека Amazon и причинил тежок удар со прекин на услугите за веб хостинг, откако Apple и Google ја прекинаа дистрибуцијата на нивните апликации.

Со судската тужба Parler бара од Amazon тројна отштета, враќање на претходниот статус и услугите кои претходно ги договорил. Исто така, бара и парична отштета, тврдејќи дека имал повеќе од 12 милиони корисници, а загубил милиони, во момент кога американскиот претседател во заминување Доналд Трамп им сугерирал на конзервативните приврзаници да ја заменат социјалната мрежа Twitter со Parler.

Истовремено, компанијата Аmazon е обвинета за лицемерство поради недовербата во врска со способностите на Parler за контрола на работата на платформата, вклучувајќи отстранување на содржини кои поттикнуваат насилство.

Фото: Pixabay