Не сме ни свесни какви методи користи Ikea за да купуваме повеќе

375

Ќе појдете во продавница на шведскиот бренд за мебел Ikea и сакате да купите сè. Дефинитивно не сте единствени, а еве со какви методи се служи овој трговски ланец од Шведска за целото искуство на купување да биде успешно – и за вас и за нив.

Ефект на Груен (според архитектот Виктор Груен кој предложил модел на затворени трговски центар без прозори кој прави посетителите да заборават колку време се наоѓаат внатре) е психолошка теорија што го толкува влијанието на локацијата и уредувањето на мебелот според навиките на клиентите.

Постојат многу докази за влијанието на боите, мирисите и просторот. Ако некогаш ви се случило да отидете во Ikea само за да видите што  има и на крајот излезе со пакет чаши, саксии и некои ситници, ефектот на Груен делувал врз вас.

Алан Пен, професор на University College во Лондон, со години зборува за тоа како Ikea намерно ги дезориентира клиентите и така ги  принудува да купат.

Нема излез

Секоја Ikea има само еден влез и еден излез. Веднаш на влезот има детска игротека и сите треба да пројдат покрај детската смеа. Можеби тоа е чиста случајност, а можеби и тие имаат теорија и доказ дека смеата влијае на поголема потрошувачка.

Пријатно чувство

Ќе се најдете во совршено дизајнирани дневни соби. Постои реална можност тие само да сакаат да се опуштите и да започнете да размислувате за сè што можете да купите и ставите во вашата сопствена дневна соба.

Пауза на половина пат

Кога ќе го поминете првиот дел од Ikea, ќе се најдете во кафуле и ресторан каде ќе можете да одморите. Имате време да ги наполните батериите за да бидете подготвени да продолжите со трошење на вашите пари.

Фото: Pixabay