Недостатокот на чипови расте, допрва ќе удри по џебот на граѓаните

90

Потрошувачите ширум светот, поради глобалниот недостиг на чипови, се соочуваат со пораст на цените и недостиг на разни апарати и машини – телевизори, мобилни телефони, автомобили и конзоли за видео игри. Постои “совршена бура“ од факторите на понуда и побарувачка, експертите објаснуваат и најавуваат пораст на цените на уредите ширум светот.

Недостатокот на чипови, кои се “мозок“ кај сите електронски уреди, расте од минатата година, пишува Гардијан. Првично, проблемот беше само привремено одложување на снабдувањето, бидејќи фабриките се затворија по првиот удар на пандемијата на коронавирусот.

Сепак, иако производството се нормализираше, новото зголемување на побарувачката достигнува критична точка и тоа е потикнато од промената на навиките за време на пандемијата.

Голема побарувачка започнаа производителите на автомобили кои инвестираат во електрични возила опремени со најнова технологија, потоа бум во продажба на телевизии и домашни компјутери, како и лансирање на нови конзоли за видео игри и мобилни телефони со 5G технологија.

Дури и Apple, компанија вредна две милијарди долари и најголем купувач на полупроводници во светот на која троши 58 милијарди долари годишно, беше принудена да го одложи лансирањето на долгоочекуваниот iPhone12 за два месеци минатата година, поради недостиг на чипови.

“Овде се случува совршено невреме. Чиповите се сè“, вели Нил Камплинг, аналитичар за медиуми и технологија.

Ford неодамна ги откажа смените во две фабрики за автомобили и објави дека профитот може да биде низок 2,5 милијарди долари оваа година поради недостиг на чипови, Nissan го намалува производството во фабриките во Мексико и САД, рече General Motors, може да се соочи со загуба од две милијарди долари профит.

Изгледа недостатокот на чипови ќе потрае уште некое време, заклучува во текстот Гардијан.

Фото: Pixabay