Недоволната странска побарувачка најмногу ја ограничува преработувачката индустрија

47

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2020 година е зголемен за 0,1 процентeн поен во однос на август 2020 година и изнесува 13, а во однос на септември 2019 година е намален за 8,7 процентни поени.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,2%, неизвесното економско опкружување со 17,2%, недостигот на квалификувана работна сила со 16,5% и недоволната домашна побарувачка со 12,8%.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2020, во однос на август 2020 година, е пoнеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на септември 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2020 година изнесува 67,5% од нормалното искористување.

Фото: Pixabay